Миликије, поранешната градоначалничка на Арачиново од СДСМ, со средно стана инспекторка во Царина

Миликије Халими, поранешната градоначалничка на Арачиново од СДСМ од 1 октомври ќе работи во Царинската управа како инспектор за истраги за борба против економски криминал. Конкурсот беше распишан со средно или вишо образование, а Миликије има завршено средно медицинско училиште. На нејзиниот фејсбук профил пишува дека студирала Педагошки факултет. 

Нејзиното работно место се однесува на спроведување мерки и активности за откривање и криминалистичко истражување на кривични дела, фаќање и пријавување на нивните сторители и обезбедување на докази како дел од правосудната полиција. 

Огласот бил распишан на 5 септември и траел само три работни дена. За ова работно место предвидена е плата од 29.823 денари месечно.

Миликије Халими беше градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ. За време на нејзиниот мандат истражувањето на Центарот за граѓански истражувања покажа дека Општина Арачиново е единствената општина што воопшто не наплаќа данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година. Образложението од Општина Арачиново е тогаш беше дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение. 

Нејзиниот сопруг Агрон Халими се занимава со извоз на калинки.

 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе