Mинистерот во Булачани

Милевски: Удвоени парите за рамномерниот регионален развој

Оваа година во Скопскиот плански регион се реализираат 13 нови проекти во вкупна вредност од 35,5 милиони денари, средства од буџетот на Министерството за локална самоуправа. Имено, 20,5 милиони денари се за проекти за развој на регионот, а 15 милиони денари за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, истакна министерот за локална самоуправа Горан Милевски, при денешната посета на населеното место Булачани.

Во Булачани, со средства од Програмата за рурален развој отпочна изградбата на локална патна мрежа.

„За жал и по десет години од спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој се уште развојните разлики се големи, не само меѓу планските региони, туку и внатре во планскиот регион, меѓу општините и меѓу населените места. Министерството за локална самоуправа со зголемена динамика пристапува кон подготовка на нова Стратегија за регионален развој. Планските региони треба да бидат конкурентни за проекти и за нови инвестиции. Во исто време Владата работи на намалување на развојните разликите, посебно на разликите во пристапот до јавните услуги“, рече Милевски.

Тој истакна дека рамномерниот развој е приоритет на Владата и на Министерството за локална самоуправа и во наредниот период Министерството со зголемена динамика ќе работи на подготовка на нов стратешки документ.

„Средствата во Буџетот наменети за рамномерен регионален развој се дуплирани и од 3,5 во 2017 година, се зголемени на седум милиони евра или 420 милиони денари во 2019 година. Како министер за локална самоуправа посебно внимание ќе посветам на рамномерниот развој, особено на малите, рурални општини, и на зголемување на конкурентноста на поголемите општини и на планските региони. Секоја општина има свои специфики и тие треба да се стават во функција на развојот“, заклучи Милевски.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе