Од денес може да се користи само приватно

Милевски: Тргањето на Сонцето од Вергина важи само за државните и локалните институции

Одлуката на Владата за отстранување на симболот на Сонцето од Вергина е за општините, државните и локални институции и се спроведува сега согласно Преспанскиот договор, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

„Одлуката на Владата е за локалната самоуправа. Сонцето на Вергина е тргнато од знамето од 1995 година, така да не знам зошто сега се отвора тоа прашање. Преспанскиот договор е јасен, тоа да не се користи за државните институции, се разбира и за локалните институции и сега дојде моментот таа одредба да се имплементира. Преспанскиот договор е прифатен од Собранието со двотретинско мнозинство и граѓанитие се запознаени со чекорите што следуваат“, рече Милевски.
Што се однесува до приватното користење на симболот, Милевски вели дека тоа не може да забрани.
„Јас лично не знам, доколку сакам да го користам, кој би можел да ми забрани. Сигурно во дворовите во Грција може да се користи што било и никој не може да го забрани. Исто и тука, на приватен имот кој сака може да си стави. Не е ова инквизиција да ги гониме луѓето, но државните институции треба да го почитуваат законот, а  за непочитување на законите се разбира има санкции“, изјави Милевски.
На новинарско прашање за општините кои на своите знамиња и грбови го имаат Сонцето на Вергина, министерот за локална самоуправа смета дека тие треба да ги променат симболите.
„Се согласувам дека тие треба да ги променат симболите, а мислам дека за спомениците кои се во некои градови треба само да се обележи дека тоа е споменик од античкиот период, од еленистичкиот период. Не да се отстрануваат, туку во фуснота да се наведе од кој период е конкретниот споменик. Мислам дека тие се неколку, за Битола, Прилеп, како спомениците  од Александар Македонски, Филип Втори итн“, посочи Милевски.
Владата вчера им препорача на единиците на локалната самоуправа да ја почитуваат обврската од член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе