Ден на европска соработка 2019

Милевски: Очекувам поинтензивна соработка со Грција по добивањето датум за преговори со ЕУ

Под мотото „Европа тоа си Ти“ Министерството за локална самоуправа, Делегацијата на Европската Унија и Општина Битола, на плоштадот „Гоце Делчев“ одржаа манифестација посветена програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција.

На јавниот настан – Ден на европска соработка 2019, одржа министерот за локална самоуправа Горан Милевски потсети дека ЕУ до 2020 година обезбеди 45,5 милиони евра за финансирање на различни проекти во регионот кои ги реализираат општините и невладини организации од двете соседни држави.

„Со реализираните проекти реновирани и опремени се здравствени институции, поставени се енегретски ефикасни фасади на јавни институции, реновирани се училишта, подобрена е заштитата и опремени се тимови за заштита од елементарни непогоди, а финансирани и се еколошки и проекти од областа на туризмот. Очекувам соработката со соседна Грција да се интезивира посебно по добивањето на датум на преговори кој се очекува во октомври за што како министерство се подготвуваме да ги зајакнеме капацитетите и да искористиме што повеќе средства од ЕУ-фондовите“, рече Милевски.

Делегацијата на ЕУ во Скопје ја следи и почитува соработката меѓу Северна Македонија и Грција која се остварува низ ИПА програмите, посочи претставникот Френк Јанмат и го издвои проектот, граничен премин „Маркова Нога“.

„Важно е да се нагласи дека двете држави работаат заедно и за обостран бенефит. Граничниот премин ‘Маркова Нога‘ е во изградба, се реализираат и други проекти, а по 2020 година ЕУ ќе обезбеди и осигура нова финансиска поддршка која ќе биде во функција на пограничната соработка“, истакна Јанмат.

Според градоначалничката на Битола Наташа Петровска, соработката меѓу соседите е многу значајна и таа ќе се негува.

„Како Општина во моментов работиме на три значајни проекти за градот и тие овозможуваат и обезбедуваат подобри услови за граѓаните, подобра енергетска ефикасност на спортската сала ‘Боро Чурлевски‘, набавка на возила на електричен погон, како и проекти за зголемување на туристичката атракција на градот и се благодарение на поддршката од ЕУ“, рече Перовска.

Денот на соработката се одбележува во 30 држави во рамки на 50 ИПА програми за територијална соработка со организирање на 120 локални настани, беше истакнато на централниот македонски настан во Битола. 

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе