Реакција

Милчин: Владата го брани лажгото Рашковски

Владата го брани лажгото, а премиерот се колнеше дека неговата влада ќе воведе нови морални норми и одоговорности. Премиерот ја троши довербата на критичката непартиска јавност и придонесува за чувството на резигнираност и гнев. Ова е реакцијата на Владимир Милчин на информациите дека генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во својата биографија лажно навел дека има два доктората.

На интернет страницата на Владата во биографијата за генералниот секретар на Владата Драги Рашковски пишува дека има два доктората.

Во биографијата пишува дека Рашковски на Правниот факултет во Скопје се стекнал со два доктората: „Остварување на формите на непосредна демократија со помош на информатичката технологија“ и „Дигитализација и автоматизација на комуникацијата на граѓаните со јавната администрација (со систем за дигитално комуницирање со јавната администрација)“.

Според сите информации очигледно е дека вториот докторат е само пријавен, прифатен, но не и одбранет.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски вели дека „Рашковски одбранил еден докторат и уште еден му бил завршен и поради ова нема неточни податоци на интернет страницата на Владата“.

Според сите факултетски правила прифатен докторат не е и одбранет докторат. Рашковски одбива да ги коментира овие информации велејќи дека тоа било приватна работа и не е поврзана со неговиот ангажман во Владата. „Секогаш приватниот живот го држам на страна. А мојот докторат, и едниот и другиот се готови“, изјави Драги Рашковски.

Рашковски е именуван функционер и неговото работно место не зависи од бројот на докторатите, па затоа е нејасна потребата за вакви невистинити дотерувања на биографијата.

 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе