Хрватскиот претседател во контекст на барањето на Украина до Брисел

Милановиќ: Доста ЕУ ги малтретира Македонија и Албанија, веднаш да почнат со преговори

„Бев повикан да потпишам заедничка изјава со претседателите од Источна Европа, на Украина итно да ѝ се даде статус кандидат за членство во ЕУ. Во ред, состојбата е вонредна и бев подготвен да потпишам, но под услов таков статус да им се даде и на БиХ и на Косово. Барав исто така да се донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија кои Брисел ги малтретира со години. Тоа за нас е еднакво важно како и Украина“, изјави претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.

Фото: ЕПА

Милановиќ тоа го изјави како одговор на новинарско прашање и во поглед на Косово додаде дека не е признато дури и од некои земји членки на Европската Унија и НАТО.

Тој нагласи дека ситуацијата не е таква за сега „да се изживуваме врз Србија“ и додаде дека местото на Белград, но и на БиХ, е на Западот.

„Белград треба да реши каде припаѓа, дали во ЕУ или е со Русија од сентиментални причини кои можам да ги разберам, но тоа не е практично. Не е време да се изживуваме врз Србија, туку да им кажеме дека сега е време да се одлучат, сега гори. Не мора да ги осудувате Русите. Тешко е, но разбирам. Ајде да видиме дали припаѓате на Запад или на Исток, сега е време за некои далекусежни пораки. Во овој момент не е продуктивно да се плашат луѓето сo накакви нови судири на Косово и во БиХ. Република Српска не може да се извлече од БиХ, тоа е невозможно, нивното место е на Запад, местото на српскиот народ е на Запад, а не во Русија“, рече Милановиќ.

За БиХ оцени дека „Западот со години ја малтретира, земјата стои, не и се помага туку постојано и се одмагнува со неорганизирана и килава европска бирократија, со европски дипломати надвор од регионот кои не разбираат што се случува таму".

Според хрватскиот претседател, војната во Украина би можела да се избегне ако Европа имала посилна улога и поактивна улога.

Mилановиќ рече дека не се слушнал со претседателот на Украина Володомир Зеленски оценувајќи дека таков разговор никому не би бил од полза.

„Кога неволјите се големи, малите стојат по страна. Не се под масата, но и не танцуваат на масата“, рече Милановиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе