в.д. амбасадорката на САД

Микаела Швајцер-Блум: Очекуваме ЕУ да донесе одлука за преговори со Северна Македонија годинава

САД силно веруваат дека Северна Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите што е можно поскоро, изјави денеска в.д. амбасадорката на САД во земјава Микаела Швајцер-Блум.

„Владата на Соединетите држави силно верува дека Северна Македонија заслужува датум за отворање на преговорите во најскоро можно време. Ние ја зедовме предвид изјавата од состанокот синоќа и сме охрабрени дека ЕУ ќе донесе одлука Северна Македонија да ги отвори пристапните преговори оваа година“, рече Швајцер-Блум во изјава за МРТВ во врска со пристапните преговори за земјата, објавена на фб-статусот на Американската амбасада.

Министрите за надворешни работи на ЕУ, вчера во Луксембург донесоа одлука според која земјите членки на Унијата ќе се навратат на прашањето за отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија најдоцна во октомври, 2019 година. 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе