Рочиште за „Титаник 2“

Мијалков пред судот се изјасни како бизнисмен со две адреси на живеење

На денешното прво рочиште за случајот „Титаник 2“ поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, рече дека има свој бизнис. На прашањето на судијата Огнен Ставрев што работи обвинетиот Мијалков, овој одговори: „Имам свој сопствен бизнис“.

Во врска со адресата на живеење што стои во обвинението, а на која, како што рече судијата Ставрев, не можеле да му достават покана, Мијалков на судот му даде уште една адреса на која судот може да го најде.

Во предметот „Титаник 2“, освен Мијалков, обвинети се и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, како и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски.

Сите обвинети во „Титаник 2“, освен Сашо Мијалков, кривично ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување, а ексдиректорот на УБК ќе одговара за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание".

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе