За „Тортура“

Мијалков и „алфите“ ги гледаат снимките од апсењето на Бошкоски

Снимки од апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски се гледаат во судница на судењето за случајот "Тортура".  

На снимките се гледаат како службени лица од МВР вршат увид на местото каде полициските „алфи“ го апсеа Бошкоски за случајот „Кампања“. На снимката се гледаат пари, мобилни телефони, кесичка „Зара“ и други предмети. Доказите се собираат во хартиени кеси.

Во папката со докази СЈО за овој предмет има поголем број ЦД-иња, а судијката Александра Ристевска напомена дека за снимките ќе требаат часови за да се изгледаат сите.

Обвинителот на СЈО Љубомир Лапе предложи да се премотуваат снимките, но одбраната, обвинетиот Сашо Мијалков и полициските „алфи“ се спротивставија на ваквиот предлог. Мијалков рече дека ќе се гледаат сите снимки кои СЈО ги предложило како доказ.

Во судница присутни се обвинетите, а оштетениот Бошкоски не е присутен. Судењето е во тек.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе