ДРАМА НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА

Мигрантите ја урнаа македонската ограда, грчките полицајци со рацете во џеб (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Стотици Мароканци, Алжирци и Пакистанци денеска се обидоа насила да ја пробијат границата меѓу Македонија и Грција, уривајќи дел од жичената ограда на преминот. Грчката полиција од другата страна стоеше со рацете во џеб, и покрај инцидентот.

 

Гневните мигранти фрлаа камења кон македонските полицајци на границата, викајќи „Сакаме во Германија!“ Тие успеаја да урнат околу 30-40 метри од оградата и неколкумина од нив насила претрчаа преку границата, но брзо беа фатени од македонската полиција, која е во полна опрема и вооружена со автоматско оружје.

Околу 1.500 мигранти се заглавени во близина на северниот пограничен грчки град Идомени откако Европа, а по неа и балканските земји, одлучија да ги селектираат мигрантите, дозволувајќи им да преминат само на оние што бегаат од конфликтот во Сирија, Авганистан и Ирак.

Незадоволни од новите ограничувања дел мигранти деновиве си ги зашиваат устите во знак на протест, штрајкуваат со глад, одбиваат да примат хуманитарна помош и порачуваат – „не се враќаме назад“.

Б.П.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе