Мицотакис: Со признавање македонски јазик и идентитет, прашање на време е кога земјата ќе се нарекува чисто Македонија

Од моментот кога имаме признавање на македонски јазик и македонска националност, прашање на време е оваа земја да се нарекува чисто Македонија, рече Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција на 83-от Меѓународен саем во Солун, истакнувајќи дека најголемиот проблем во Договорот од Преспа се македонскиот јазик и идентитет.

Мицотакис, како што јави МИА од Атина, одговарајќи на новинарски прашања, уште еднаш повтори и потенцираше дека неговата партија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа дали во овој или во следниот парламент. 

Одговарајќи на прашањето дали прифаќа сложено име објасни дека е „очигледно дека не постои Грк што би сакал да постои името Македонија во името на соседната земја“, но истакна дека тој лично сака да биде реалист и спомена дека проблемот е во други елементи.

„Основниот проблем во договорот е во јазикот и националноста. Така што, следниот ден, доколку имаме можност, го потенцирам тоа, под предуслов дека нема да се ратификува договорот, големата битка, а ќе треба да знаеме колку битки можеме да водиме во исто време, големата битка ќе треба да биде за јазикот и идентитетот и ќе ви кажам зошто, бидејќи името многу брзо ќе се заборави. Од моментот кога имаме признавање на македонски јазик и македонска националност, прашање на време е оваа земја да се нарекува чисто Македонија. Таму е суштината на проблем и таму јас го лоцирам и вистинскиот проблем што е поврзан со иредентизмот на Скопје”, рече Мицотакис.

Во случај преговорите да започнат од почеток, Мицотакис, како што рече самиот, како премиер не може да прифатам македонски јазик и македонска националност, како што не прифати ниту еден премиер во минатото што го водел ова прашање, „секако освен господинот Ципрас кој потпиша”.

Мицотакис кажа и дека она што го говори во Грција, го кажува и вон границите на земјата.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе