Со порака од Солун

Мицотакис: Со „Договорот на срамот” за првпат македонскиот јазик и идентитет им се отстапени на соседите

Грчката опизициска Неа демократиа ќе гласа против Договорот од Преспа, а другата страна треба да знае дека, ако не биде изгласан од грчкиот Парламент, тогаш преговорите почнуваат од почеток, порача лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис, од Солун, во неговиот говор на 83-от Меѓународен саем. 

 

„Сакам од овде, од престолнината на Македонија да испратам една јасна порака до сите, Неа демократиа ќе гласа против овој договор дали сега дали во следниот парламент. А ако на крај, договорот што го потпиша СИРИЗА не биде изгласан од парламентот, тогаш и другата страна треба да знае дека преговорите започнуваат од почеток”, рече Мицотакис. 

Тој, како што јави МИА од Атина, уште еднаш го повторил ставот дека со Договорот од Преспа „на соседите им се отстапуваат македонскиот идентитет и македонскиот јазик“. 

„Тешка сенка паѓа врз Северна Грција, тоа е Договорот за скопското прашање кој што го потпишаа во отсуство на грчкиот парламент, во отсуство на грчкиот народ господата Ципрас, Коѕијас и Каменос. Договор на срамот, кој за прв пат го отстапува македонски идентитет и македонскиот јазик на нашите соседи”, рече Мицотакис и додаде дека уште посрамен е обидот на актуелната грчка влада „да ги карактеризира како радикални десничари оние кои излегуваат на протести“. 

Вистинските патриоти, според него, не се националисти, а екстремните националисти не се патриоти.

Додека Мицотакис говорел за Договорот од Преспа, присутните во салата на Меѓународниот саем, на неколку пати го прекинувале со силни аплаузи. 

Во присуство на поранешните премиери и претседатели на Неа демократиа, Костас Караманлис и Андонис Самарас, Мицотакис во традиционалниот говор на саемот, овој пат под мотото „Можеме“ ги претстави мерките што тие како влада би ги презеле за „Грција да оди напред“. 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе