Претседателот на Неа демократиа

Мицотакис: Преспанскиот договор не може еднострано да се поништи

За најважните проблеми и прашања во 10 различни области, поставени од 10 новинари акредитирани во 10 грчки министерства говореше претседателот на Неа демократиа, Кирјакос Мицотакис во синоќешното интервјуто за грчката телевизија Алфа.

Новинарката која следи надворешна политика, од Мицотакис побара став во однос на Договорот од Преспа, a лидерот на најголемата опозициска партија и веројатен иден премиер на Грција, рече дека овој договор не може еднострано да се поништи.

„Мојата процена е дека еден меѓународен договор, ратификуван од грчкиот Парламент не се поништува еднострано. Ако го прочитате договорот, самиот договор не остава простор за еднострано поништување. Затоа бев многу искрен со грчкиот народ во Парламентот и сите пратеници ги поставив пред нивната одговорност. Им реков внимавајте што правите бидејќи овој договор, ако се ратификува, многу тешко ќе се смени во иднина. За жал договорот беше ратификуван“, рече Мицотакис и додаде дека сега, тие се повикани да ги „соберат остатоците“, односно како што рече „стотици бизниси во Северна Грција што го носат името Македонија или ја користат придавката „македонско/а/и“ се чувствуваат незаштитени“.

Мицотакис уште еднаш ја спомена нивната намера да спроведат голема меѓународна кампања за „вистинската грчка Македонија“.

„Сега веќе имаме една Северна Македонија, која има Македонци признаени од договорот, кои говорат македонски јазик и ја имаме грчката Македонија, а еден граѓанин од странство со право се чувствува збунето. Ќе научи граѓанинот од странство дека кога говориме за Македонија, првата работа што му доаѓа на памет е грчката Македонија, нашата класична култура“, рече лидерот на Нова демократија.

Мицотакис го повтори и неговиот став дека зад Договорот од Преспа се крие некаква замена, а ова негово тврдење го поткрепи со дел објавен во книгата „Последниот блеф“ посветена на случувањата од 2015, на две новинарки – дописнички од Брисел, Елени Варвициоти и Викториа Дендрину.

„Го имав слушнато тоа, но овој пат е регистрирано и морам да го поставам во јавниот дијалог. Во книгата на Дендрину и Варвициоти пишува дека господинот Јункер во 2015 му рекол на господинот Ципрас „ние ќе ти помогнеме сега во економијата, но сакаме да ни го решиш скопското прашање“. Тоа е официјално запишано во една многу сериозна книга. Го кажува господинот Јункер, не слушнав никој до денес да го демантира ова и остава основани меѓу алудирање дека господинот Ципрас доби нешто во замена за Договорот од Преспа“, рече Мицотакис.

Во делот посветен на надворешната политика и Договорот од Преспа во интервјуто за ТВ Алфа, лидерот на Нea демократија истакна дека „историјата напиша дека Костас Карамнлис рече „не“ во Букурешт, заканувајќи се со вето, онаму каде што Алексис Ципрас рече „да“, додавајќи дека уште пет грчки премиери во минатото не се согласиле со договор што „на соседи им отстапува македонски јазик и македонска националност“.

Претседателот на Неа демократиа, во синоќешното интервју, освен за надворешната политика одговараше на прашања поврзани со економијата, здравството, судството, националната одбрана, образованието итн.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе