Мицотакис: Поддршка за северните соседи за ЕУ, СИРИЗА: Следниот пат може ќе изговори Северна Македонија

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред врчерашниот Самит на Унијата изразил поддршка за членство во ЕУ за северните соседи, позиција која опозициската СИРИЗА ја поздравува и  ја коментира како големо „салто“.

Грчкиот премиер, како што јавува МИА од Атина, рекол дека за Западен Балкан, Грција е столб на стабилноста, изразил поддршка за членство во ЕУ, но доколку се почитуваат меѓународните договори, владеењето на правото и малцинските права, став кој Атина го изразува во однос на Албанија.

„Го поддржуваме патот до членство на ЕУ за нашите северни соседи, под услов целосно да ги почитуваат меѓународните договори што ги имаат потпишано, да се посветени на владеењето на правото и секако да ги почитуваат правата на малцинството“, изјавил Мицотакис пред почетокот на Самитот на ЕУ.

Изјавата на грчкиот премиер, преку соопштение ја коментираа од опозициската СИРИЗА.

„Го поздравуваме ова големо салто на господинот Мицотакис сега кога бара почеток на интегративниот тек за Северна Македонија и целосно почитување на Договорот од Преспа“, соопштуваат од опозициската СИРИЗА и додаваат дека тоа е во корист и на Грција и на Европа.

Од СИРИЗА коментираат дека можеби следниот пат, Мицотакис наместо „северни соседи“, ќе изговори „Северна Македонија“.

„Следниот пат кога ќе ги спомене нашите ‘северни соседи‘, можеби и ќе успее да изговори и ‘Северна Македонија‘, велат од грчката опозициска партија, истакнувајќи дека „борците за Македонија“ кои му помогнаа да дојде на власт, „сега сфаќаат дека ги измами“.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе