Атина

Мицотакис: Нѐ очекува заштита на македонските производи и голема меѓународна кампања за нашата Македонија

Од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската Унија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор на почетокот на расправата за гласање доверба на Владата, во делот посветен на нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, во едночасовното обраќање, кусо се задржа на грчката надворешна политика, споменувајќи ги Договорот од Преспа и односите на Грција со Турција.

„На Балканот, како што имаме кажано во неколку наврати, приоритет е да се ублажат негативните последици од спроведувањето на Договорот од Преспа. А главната точка овде е развојната програма за северна Грција, заштита на македонските производи и голема меѓународна кампања за нашата Македонија. И сакам, одново да пратам една порака во и вон Грција: од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската Унија, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер ја претстави програмата на новата влада, говореше за шест вистини, односно за приоритети во шест области, почнувајќи од намалување на даноците, приватизации, намалување на бирократијата, најави промени во здравството и образованието, промени во изборниот законик и давање можност за гласање на Грците кои што живеат во странство, вети поголема безбедност за граѓаните и сл.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе