На 12. партиска конференција

Мицотакис: Неа демократиа никогаш нема да го ратификува Преспанскиот договор

Лидерот на грчката опозиција го нападна премиерот Алексис Ципрас по повод Преспанскиот договор што го потпиша со Македонија.

„Го обвинувам господинот Ципрас зашто кажа 'да' за тоа за кое шест премиери рекоа 'не', односно за признавање на наводниот македонски јазик и етничка припадност“, рече Киријакос Мицотакис на 12. конференција на Неа демократиа во Атина и додаде:

„И го обвинувам господинот Ципрас зашто усвои мерки што никогаш не требаше да бидат усвоени, со големи национални отстапки. Тој го размени планираното кратење на пензиите со голема национална загуба во надворешните работи.“

„Неа демократиа нема да го ратификува Преспанскиот договор, ниту сега, ниту во следниот парламент, ниту кога било“, рече тој, пренесе Катимерини.

Мицотакис истакна дека Неа демократиа ќе ги обедини Грците, а нема да ги подели, „како што тоа го прави СИРИЗА“.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе