На саемот во Солун

Мицотакис најави заштита и зајакнување на „македонските производи” и брендот „Македонија”

Промоција, заштита и зајакнување на производите од Северна Грција што го носат називот „македонски производи” и на брендот „Македонија”, вети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор за време на синоќешното отворање на 84-от Меѓународен саем во Солун, jавува МИА од Атина.

„Апсолутен наш приоритет, за тоа многу пати имаме разговарано и со префектот, е заштита и зајакнување на македонските производи со формирање и меѓународно сертифицирање на еден колективен бренд за нив. Ќе го заштитиме брендот ‘Македонија’, вистинската Македонија, автентичната Македонија и ќе го поддржиме со една голема комуникациска кампања. За производите, ова ќе ги наведува, веќе без сомнежи, нивниот квалитет и нивното потекло наспроти секој конкурент. Конкретниот модел успешно беше испробан и за производи од Крит и да им даде нов импулс на производите од Македонија на пазарите во странство”, рекол Мицотакис.

Во 75-минутното обраќање, грчкиот премиер, акцентот го стави на развојот и економијата, како клучни за секој чекор на Грција, но и услов за безбедноста и просперитетот на земјата.

За брендот „Македонија" и „македонските производи" говореше и заменикот министер за внатрешни работи на Грција, надлежен за Македонија и Тракија, Теодорос Караоглу во неговото обраќање, кусо пред Мицотакис. Според него, „заштитата на македонските производи е на врвот на нивниот интерес”.

„Нашите иницијативи имаат двојна цел. Од една страна, промоција на брендот ‘Македонија’ како име-идентитет што ќе ги комбинира сите компаративни предности на регионот, а од друга страна заштита на илјадниците бизниси во Северна Грција кои во нивните имиња ги користат термините ‘македонски, македонска, македонско’. Овие компании веќе знаат дека не се сами”, рекол Караоглу.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе