Атина

Мицотакис и Јанша договорија самит за Западен Балкан во октомври за време на словенечкото претседателство со ЕУ

За време на словенечкото претседателство со Европската Унија, во втората половина на годината, ќе се одржи вонреден Самит посветен на Западен Балкан, односно за проширување на Унијата со земјите од регионот, соопштија премиерите на Грција и Словенија Кирјакос Мицотакис и Јанез Јанша по нивната средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека уште од Самитот во Солун во 2003 година, Грција, „како најстара членка на Унијата во поширокиот регион, е протагонист во обидите за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан“.

„Сигурен сум дека претседателството на Словенија на ова динамика ќе ѝ даде уште една нова брзина и затоа многу ми е драго што е потврдено одржувањето на вонреден Самит за Западен Балкан, во октомври во Словенија“, рече Мицотакис.

Словенечкиот премиер истакна Европската Унија треба да го одржи ветувањето дадено во Солун во 2003 година. Тој објасни дека треба да се сторат две работи: да се задржи динамиката, иако постојат знаци на замор во целиот процеси и второ да се исполни во пракса и да се заврши процесот, истакнувајќи дека главен приорите за ЕУ треба да биде проширувањето „за да може да се создаде слободна и мирна Европа“.

„Словенија смета дека проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан е врвен приоритет за нашето претседателство. Како што кажа и господинот Мицотакис, имаме за цел да организираме вонредна конференција меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Оваа конференција ќе се одржи во Словенија во октомври и му благодарам на премиерот што ми даде некои многу убави идеи за тоа како можеме да се справиме со ова прашање, со цел да им дадеме европска перспектива на овие земји и една вистинска цел, која се надеваме дека ќе биде исполнета порано од предвидувањата дадени пред една година“, рече Јанша. 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе