Вчера во Солун

Мицотакис без комисијата го „реши“ спорот со трговските марки за „производите од македонско тло“

„Новата етикета што ќе ја носат македонските производи насекаде во светот им дава единствен идентитет на производите произведени на македонско земјиште. Идентитет што укажува на славното минато и го отвора патот за подобра иднина“. Ова е вчерашната твитер-порака на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по промоцијата на етикетата „Macedonia is GReat“ од страна на Здружението на извозници на Грција во Солун. Потоа Мицотакис се сретна и со македонскиот премиер Зоран Заев.

„Macedonia the GReat“, беше речено на вчерашната промоција во Солун, е новата колективна трговска ознака за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи.

Инаку, како дел од обврските од Преспанскиот договор во тек се разговорите на Македонско-грчката комисија за трговските марки за наоѓање решение за спорните моменти околу употребата на трговските марки.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе