„Чистите сметки, прават добри пријатели“

Мицотакис: Драг Зоран, имаме должност да ги ублажиме многуте негативни последици од договорот

Европа и покрај воздржаноста, ги држи отворени вратите за Западен Балкан и со соодветните предуслови, сонот за полуостров на мир и слобода во економијата, идеите, движењето на луѓето и производите, може да стане реалност, а знамето на Европа, во некој момент да се вее како во Тирана, така и во Скопје, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на Самитот во Солун. 

Според него, патот на сите балкански држави кон напредок „беше и е заедничка визија“, што започна со Солунската агенда, а во градот во кој што се роди, одново беше потврдена.

Мицотакис во обраќањето, како што јавува МИА од Атина, говорел за трите грчки насоки во однос на Балканот и Југоисточна Европа, зајакнување на билатералните односи со сите земји од регионот, цврста поддршка на европската перспектива и промоција на поврзувањето во транспортот, инфраструктурата, енергетиката и дигиталната економија, а паралелно открил дека грчкиот министер за надворешни работи подготвува инцијатива за Скопје и Тирана.

„Цврста поддршка на европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. Како најстара и силна членка на Европската унија, Грција добро ја знае важноста на една таква разврска. Затоа ги охрабрува државите кандидатки да ги направат тешките промени што ќе ги доближат до Европа на демократијата, на правдата, на отворената економија. Кон тоа цели и иницијативата на министерот за надворешни работи, на господинот Дендиас, да ги покани неговите колеги од Тирана и од Скопје во Брисел на следниот Совет за надворешни работи на ЕУ, функционирајќи како ефикасен канал за комуникација”, рече Мицотакис.

Говорејќи за европската перспектива на Македонија и Албанија, Мицотакис рече дека „чистите сметки, прават добри пријатели“, истакна дека е искрен пред пријателите и објасни дека патот на двете земји кон Европа „вклучува важни промени што мора да се направат“, паралелно изразувајќи увереност дека овие промени ќе се направат.

„Во однос на кандидатурата на Северна Македонија, драг Зоран, повторно ќе бидам јасен, воедно имавме можност тоа да го кажеме и на нашата средба. Имаме должност да ги ублажиме многуте негативни последици од договорот што е веќе потпишан. Треба тоа да го сториме со реализам и зрелост. За нас, приоритет е заштитата на името и угледот на нашата Македонија и нејзините производи”, рече Мицотакис и се осврна на трговската ознака што вчера беше промовирана – буквата М и зборот GReat што како што рече, „упатува на голема, но и на Greece“, додавајќи дека тоа е „меѓународен знак што го означува потеклото на сите добра од грчката Македонија, големата Македонија на Александар Велики“.

На крајот од обраќањето, Мицотакис ги искористи зборовите на поранешниот грчки премиер Елефтериос Венизелос, напишани во ноември 1909 во весникот „Кирикс Ханион“, кога издавач и директор бил дедото на актуелниот премиер на Грција.

„Со балканските народи, сакале или не, и во иднина ќе живееме како соседи. Заедничкиот интерес ја наметнува основната обврска, преку взаемни отстапки, воспоставување на добри односи”, рекол Мицотакис, цитирајќи го Елефтериос Венизелос.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе