РЕАКЦИЈА

Мицковски: Заев во интервјуто лажеше

Христијан Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција реагираше на вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев, во кое, според него, имало многу празнини во однос на политиките кои планира да ги реализира новата влада и според нив во интервјуто тој лажел. 

“Синоќешниот настап во јавноста предизвика сериозна загриженост во однос на капацитетот на Заев и неговата влада заради правецот во кој што во иднина ќе се движи Република Македонија. Заев упорно повторуваше дека е оптимист, но прашање е колку граѓаните може да бидат оптимисти. Зоран Заев во вчерашното интервју лажеше. Лагите не може да ги покријат очекувањата на граѓаните од новата влада и ветувањата кои ги даваше. Лагите на Заев нема да го подобрат стандардот на граѓаните. Тие очекуваат од него да ги исполни ветувањата што ги даде пред избори, а не со манипулации и дезинформации да ги дефокусира од обврските кои ги превзеде. Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија. Човек што е два пати аболициран за криминал веројатно со ваквите дезинформации сака да си подготви терен и за трета амнестија за случајот „Поткуп“. ВМРО-ДПМНЕ и досега во повеќе наврати демантираше дека воопшто се разговарало со Заев на оваа тема”, изјави Христијан Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Заев излажал и дека во буџетот се останати само 6 милиони евра.

“Неговиот министер за финансии се пофали дека на 5-ти јуни се исплатени околу 77 милиони евра од буџетот на име на субвенции, стипендии и пензии. Вистината е дека новата влада на СДС во буџетот доби 130 милиони евра, освен ако Заев не сакаше несвесно да признае дека 124 милиони евра мистериозно исчезнале.Заев лажеше дека јавниот долг изнесувал над 50% од БДП, а дека скриениот долг изнесувал над милијарда евра. Фактичката состојба гласи дека јавниот долг на 30.04.2017 година изнесувал 45,9 %. Со овие паушални бројки и лаги, Зоран Заев и практично го загрозува кредитниот рејтинг на Република Македонија и ризикува кредиторите во иднина да бараат повисоки каматни стапки”, рече Мицковски на прес-конференцијата.

Начинот на кој што Зоран Заев пристапува кон суштинските прашања е крајно несериозен и загрижува, рече Мицковски.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе