Мицкоски бара да се донесе резолуција со која јасно ќе се каже дека Македонија нема да се откаже од македонскиот јазик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по вчерашната лидерска средба  изјави дека предложил сите политички партии во Парламентот да донесат резолуција дека Македонија нема да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и од македонскиот јазик, како одоговор на бугарската резолуција донесена со огромно мнозинство, со која се бара од Македонија да се откаже од  македонското малцинство во Бугарија и од македонскиот јазик.

„Јас побарав да заземеме став како политички партии и можеби и ние да донесеме една слична таква резолуција во рамките на нашиот Парламент дека тоа е навистина една огромна навреда и практично тоа никако не води во подобрување на добрососедските односи туку напротив тоа само ги заострува и се користи позиција за дополнително уценување и условување на нашата држава. На некој од следните состаноци претпоставувам ќе се реотвори ова прашање. Јас навистина инсистирам во рамките на Парламентот да се донесе една резолуција, која ќе биде практично одговор на резолуцијата која ја донесе бугарскиот парламент, дека ниту ни паѓа на памет ниту имаме намера ние како ВМРО-ДПМНЕ, или како политички партии да постапиме согласно барањата на нашиот источен сосед“ изјави Мицкоски.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе