Мицкоски засега e единствен кандидат за претседател на претстојниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

До 11 декември е рокот за пријавување на кандидатура за претседател на партијата за закажаниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи на 12 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Засега единствената кандидатура за претседател на партијата е поднесена од Христијан Мицкоски, актуелен партиски лидер.

Фото: Роберт Атанасовски

Право на кандидатура има секој член на партијата кој ќе биде поддржан од најмалку 30 делегати на конгресот, од вкупно 550.

На конгресот ќе се донесат неколку програмски документи, а ќе биде дефинирана и новата партиска стратегија преку која ќе бидат промовирани и новите политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролите на партијата денеска најавија дека по конгресот ќе има сериозни кадровски промени во раководните партиски тела.

Во однос на актуелните прашања со блокадата на преговорите за членство во ЕУ, според портпаролите, партијата останува на своите определби за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, а одговорот на блокадата од Софија е содржан во неодамна усвоената Резолуцијата за утврдување на државните позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во дел од документите пишува дека „секој обид за отворање дискусија, на билатерален или мултилатерален план, околу идентитетските прашања и карактеристики на македонскиот народ, по автоматизам води кон пробламатизирање на македонската самобитност и единственост. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за праведноста и почитта кон македонскиот народ и држава во меѓународните односи.

Клучна задача во градењето демократски политички амбиент, е создавање кохезиони врски со сите луѓе во Македонија, независно од нивната политичка, верска или етничка определност. ВМРО- ДПМНЕ континуирано ќе настојува да се гради широк политички, државен и национален консензус за сите значајни прашања на внатрешен и меѓународен план, кои се однесуваат на иднината на македонската држава... Залагање за правата на Македонците и граѓаните на Република Македонија каде и да живеат во светот.
Заштита на македонскиот идентитет, кој го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулирана свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор...“.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе