Протест пред Владата

Мицкоски: Заев преговара за идентитетот и ја лаже целата јавност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест пред Владата рече дека Зоран Заев преговара за идентитетот и дека без око да му трепне ја лаже целата македонска јавност.

„Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што дирекно го означува нашиот идентитет, додека Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Зоран Заев тргува. Како се случи за неполни 12 сати, од позицијата атмосферата е добра има напредок во разговорите до тоа главен наслов во медиумите да биде фијаско. Тоа е затоа што лаже. Та нели се беше во главата на нас вмровците? Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, a се пазареше за идентитетот, историјата, за Македонија. Денес повторно лаже кога вели дека не преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го демантираат и го тврдат токму спротивното. Лаже и кога вели дека има напредок. Безочно лаже и око не му трепнува“, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев четири години лажел, 4 години дебата и проблеми за јазикот, историјата, малцинствата наши во соседните држави, идентитетот.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе