Предвремени парламентарни избори

Мицкоски: За влез во идната влада намигнуваат и кандидати за пратеници од коалицијата „Можеме“

Ќе правиме коалиција со сите оние кои ќе ја прифатат нашата програма, ќе коалицираме со секој оној чија програма ќе биде компатибилна со програмата на коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече Христијан Мицкоски на дуелот на ТВ 24.

Со идната влада ќе раководи ВМРО-ДПМНЕ, ќе имаме раст на просечната плата, на пензиите и ќе имаме вистински инвестициски бум. Во првите три дена ќе има влез на три мултинационални компании, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој му порача на Заев дека математиката не му е добра страна и дека за влез во новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе намигнуваат и кандидати за пратеници  од коалицијата „Можеме“.

„Математиката не ви е добра страна. И оваа математика е добра за општинските организации на СДСМ, но после 15 јули на ВМРО-ДПМНЕ нема да му требаат повеќе од 1 или 2 пратеници за да формира влада, а има повеќе кои овој изборен период сакаат да ги поддржат политиките на ВМРО-ДПМНЕ“,  рече Мицкоски, на што Заев му одговори дека тој не може да си ги зачува своите пратеници, а не пак да зема пратеници од СДСМ.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе