Мицкоски за „Вечерњи лист“: Спорот со Бугарија е последица на ветувањата на Заев кон Софија, на штета на македонските интереси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, вели дека имал огромни забелешки во врска со носењето на Преспанскиот договор и не го поддржал бидејќи од денешна перспектива таа реалност која ја донесе Зоран Заев не ѝ донесе подобри времиња на Македонија.

Мицкоски вели дека народот и понатаму тешко живее, дека не сме поместени ниту еден милиметар на патот кон ЕУ, здравството не е целосно бесплатно, нема модерно образование и дека немаме реална борба со криминалот и корупцијата, нешто за кое Заев ветувал дека ќе се случи.

Мицкоски ја коментира и блокадата на соседна Бугарија за почеток на преговори со Европската унија.

„Овој спор е новосоздаден и е исклучиво последица на тоа што Заев ветуваше премногу на Бугарија, иако знаејќи дека тоа е штетно за Македонија и не е во состојба да го испорача. И во тој контекст немаме право да се бунтуваме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, но она што навистина боли е што нашата држава ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат сѐ, да се пазарат со сѐ. Не е во прашање недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската влада. Премиерот кога ги произведува тие ветувања кон Софија не се води од потребата за заштита на државните интереси, туку од потребата да си ја обезбеди фотелјата ден повеќе. Токму затоа се служи со измами кон соседите, но најважно таквите измами се кон сопствениот народ. Нашите црвени линии се составени во резолуцијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе, а со консензус беше изгласана во собранието и која ја содржи потребата за почитување на нашата посебност и јазичен идентитет", рече Мицкоски.

На прашањето дали тогаш знаел дека промената на името нема да биде билет за влез во ЕУ, бидејќи бил против промената, изјави дека поентата на ова прашање била и негова поента во моментот кога се одлучувало за ова прашање, затоа што членството во ЕУ подразбира критериуми и завршување на домашната задача.

„Никој нема да ве прими во ЕУ ако имате стапка на криминал највисока во ЕУ како што имаме, или пак имате бирократија и процедури кои го блокираат работењето на системот. На ЕУ не ѝ требаат нови проблеми за решавање, затоа што имаат доста и од нивните за решавање. Јас велам да ја завршиме домашната работа, тогаш ќе бидеме и посакуван партнер на ЕУ“, рече Мицкоски.

Запрашан дали го поддржува членството на Република Македонија во НАТО, Мицкоски посочи апсолутно да и дека не може да биде против, бидејќи најкрупните реформи за членство во НАТО биле правени токму од владите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе