- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 73НОВИ / 24h
- 1 од 13
- следно ›
- Контакт
Мицкоски: За утре Владата се подготвува да го прифати францускиот предлог, повикувам на уште помасовни протести

„Тоа беше едната понуда. Втората, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот, да ги тргнеме точките каде што се повикува на годишните извештаи, каде што се повикува на протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ, се трга делот каде стои дека преговорите почнуваат веднаш по измената на Уставот.
Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму. Тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе кои протестираат, тогаш тоа е нејзина одлука“, рече Мицкоски.
Тој го повика македонскиот премиер Димитар Ковачевски да слушне што народот зборува. „Мислам дека овие десетици илјади кои што излегуваат секој ден овде пред платото на владата се тие кои можеби за првпат во овој период од годината громогласно му упатуваат порака и на Ковачевски и на останатите таму во владата дека ова што го прават е погрешно и дека тие не се согласуваат со тоа. Имам информации дека најверојатно уште утре на владина седница предлогот ќе помине за да може Бујар Османи и формално да се потпише на протоколот од втората меѓувладина седница на владите на Македонија и Бугарија и со тоа практично Владата дава согласност на записникот од првата меѓувладина, но и понатаму откако ќе се создадат условите да ја прифати преговарачката рамка во која се наоѓаат и се содржани и историјата и образованието и културата. Очекувам барем малку разум, до утре да се предомислат и да го слушнат ова громогласно не, на тоа што го прават во овој момент со македонскиот идентитет“, рече Мицкоски и додаде дека предлогот мора да помине и во Собранието.
Политика
Објавено на
04 Јули 2022 - 14:50