ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски за утре најавува нов протест против „мафијата на Заев“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утре најави нов протест против неправдата, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев. Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија, напиша на својот фејсбук-профил Христијан Мицкоски.

„Кога Луј Витон судството носи “трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев.

Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата.

Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види.

Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови

службени возила истата таа мафија.

Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат.

Кога судството го штити криминалот.

Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово.

Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард.

Одговорот на сето ова е протест. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во среда во 18 и 30 часот да протестираат против неправда, реваншизам и насилство

на мафијата на Заев“, напиша Мицкоски.

Протестот ќе почне пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Основнот суд Скопје 1.

 

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе