Интервју

Мицкоски за „Политика“: Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите

Ако имаме двотретинско мнозинство и пратеници од другите етнички заедници, „се отвора можност за враќање чекор наназад, во спротивно нѐ чека многу работа", изјави во интервјуто за српскиот весник „Политика" лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски.

„Македонија мора да се врати на брзата лента до моментот за полноправно членство во ЕУ, па тогаш одвнатре ќе мора да ги корегираме грешките“, рече Мицкоски, додавајќи дека негов концепт е „не на антиквизацијата и не на севернизацијата, туку враќање на македонизмот во Македонија“.

На прашањето на „Политика” за неговиот став за „фијаското во Брисел и покрај зеленото светло од 27 држави на ЕУ”, како и дека „покрај Франција, вина има и премиерот Зоран Заев”, Мицкоски вели дека „Заев не испорачал никакви реформи и за тоа е виновна неговата неодговорна политика”.

„Крајот ќе ни биде трагичен ако го прифатиме ставот дека е виновна само Франција и ако државата продолжи да тапка во место. Со тоа ќе се зголеми профитот на фирмите на Заев, а ние и натаму ќе го обвинуваме Макрон“.

Околу прашањето за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во земјата и за неизнаоѓањето „заеднички јазик” со властите за новиот Закон за обвинителство, Мицкоски одговора дека тој се залага за владеење на правото и за независна судско-обвинителска власт.

„Затоа се апсурдни прашањата дали на Груевски би му се овозможило враќањето дома. Вистинското прашање е кој овозможил тоа да се случи и дали Заев ја говореше вистината кога ја лажеше македонската јавност дека Груевски се криел во гепек од автомобил или сега кога вели дека Груевски бил слободен граѓанин и можел да прави што сака“, вели Мицкоски.

Тој во интервјуто за „Политика” насловено „Зоран Заев три години ја води земјата во амбис”, вели дека себе си се гледа како победник на претстојните избори, поради тоа што, според него, ВМРО-ДПМНЕ носи „нова енергија, заснована на чесност и принципиелност”.

„Патот кој премиерот Заев го следеше овие три години не водеше никаде, поточно водеше во амбис. Тоа му е јасно на секого и тоа им е јасно и на нашите партнери од меѓународната заедница. Најбитно во овој момент е да имаме чисти, коректни и демократски избори на кои граѓаните ќе избираат помеѓу неспособна, корумпирана и криминална власт од една страна, и вредност, честитост и одговорност која ја нуди мојата партија ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски во интервјуто за „Политика“.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе