Мицкоски зa „Фокус“: За да може да уценува и рекетира, власта не сака договор за Законот за ЈО

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за неделникот „Фокус", вели дека преговарачкиот тим на власта не сака да се постигне договор за Законот за јавно обвинителство, којшто, пак, ја решава судбината на СЈО, бидејќи тој веќе нема да биде алатка на СДСМ за уцена на политичари да бидат кадровска комисија во опозицијата, „дајте ми човек да му смислам дело" и за рекетирање бизнисмени.

„Договор за Законот за јавното обвинителство имаше пред десетина дена, практично ставовите беа до толку приближени што извесен беше договорот во тој момент. Следниот ден преговарачката страна на СДСМ дојде на состанокот и почнаа да рециклираат теми од минатото. Еден од претставниците, ќе дозволите сега да не именувам поединечно, наметна прашање и теми што се однесуваа на 27 април, на 24 декември, па дури дел од соговорниците од преговарачкиот тим на СДСМ ги прашуваше како вие можете со ВМРО-ДПМНЕ воопшто да преговарате. Значи, една небулозна ситуација! И беше јасно дека тие всушност не сакаат договор“, вели Мицкоски.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе