Мицкоски: За донации во ВМРО-ДПМНЕ добродојдени се и Мијалков и Камчев

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека претстојната предизборна кампања ќе ја финансираат од членарина, донации и комерцијален кредит. Тој посочи дека партиското раководство ќе го изменаџира долгот од 8 милиони евра без оглед на, како што рече, тоа што државата го замрзнала партискиот имот и нема да ги префрли буџетските средства пред изборите на 12 април. 

„Партијата на нејзината страница има поставено жиро-сметка и секој граѓанин во оваа држава којшто цени, еве вие на пример, или некој друг којшто цени дека треба да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, е добредојден да финансира. Апсолутно, секој граѓанин на оваа држава, Зоран Заев, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Никола Груевски, еве вие на пример, којшто цени дека сака да помогне, е добредојден“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали би прифатил донација од Мијалков или Камчев.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе