Не исклучува и протести

Мицкоски за Алсат-М: Ова што се случува во државата мора да заврши со предвремени избори

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски инсистира на предвремени парламентарни избори и формирање техничка влада и вели дека партијата ќе ги разгледа сите форми на притисок за земјата да оди на предвремени избори, не исклучувајќи и протести.

„Апсолутно секогаш мирни протести, секогаш организирање на мирни протести се опција за кој било опозиција вклучително и за ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Република Македонија без разлика дали таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или останатите опозициони партии. Зошто тоа да не бидат и опозициските партии од албанскиот блок”, рече Мицкоски во интервју за Алсат-М.

Она што се случува во државата, според него, мора да заврши со предвремени парламентарни избори. 

„Апелирам за разум, да се седне и да се повикаат пратеничките групи и да се организираат предвремени парламентарни избори. Граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари ќе ја добијат поддршката или ќе дојде некоја нова генерација на политичари”, изјави Мицкоски.

На прашањето какви се односите на ВМРО-ДПМНЕ со албанските партии и дали тој како лидер се сретнал со нив, Мицкоски вели дека имаат средби и разговараат. 

„Имаме средби, разговараме. Загриженоста е присутна и во едниот и во другиот блог. Споделуваме иста мака, маката се вика моментална влада во Република Македонија. Се разбира дека комуницираме. И со ДУИ имаме комуникација. Во рамките на Парламентот, пратеничките групи комуницираат. Јас имам комуникација со господинот Али Ахмети”, рече тој.

Во однос на Преспанскиот договор и како ќе постапи ВМРО-ДПМНЕ доколку дојде на власт, Мицкоски вели дека ставот на партијата за договорот останува ист.

„Рековме дека ова е капитулантски договор и задира директно во посебноста на македонскиот народ, нација и во македонската држава. Потребно е да се спомене фактот дека за да се случи чекор назад, правно и легалистички за што се бори и залага ВМРО-ДПМНЕ, на нас ни се потребни 80 пратеници во Собранието и услов од Бадентер. Се што е надвор од тоа ќе биде обична лага, конструкција и обид за манипулација”, изјави Мицкоски.

Прашан дали е можен договор за Законот за јавно обвинителство, тој смета дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

„Во овие услови вакви, какви што се, под политички прогон и терор, конструирани обвиненија, нарачани пресуди и прогонот што се прави врз ВМРО-ДПМНЕ, врз сегашни и поранешни функционери, едноставно нема амбиент. Не е само законот за ЈО на маса, сега на маса треба да се најде и темата кога предвремени парламентарни избори”, додаде Мицкоски. 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе