Мицкоски: Во записниците од „Рекет“ го нема моето име, но има имиња од власта!

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска денес одржа прес-конференција на која говореше за синоќешната лидерска средба.

Мицкоски одговори на обвинувањата од Заев во врска со случајот „Рекет“.

Имено, премиерот денес истакна: „Јас лично мислам дека предметот „Рекет“ води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже се“.

Мицкоски одговори дека свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донеле исказите кои се дадени кај обвинителката која што го води предметот „Рекет“.

„Нема да го тужам и нема да се заканувам со тужби поради оваа невистина. Но, ќе го предупредам дека свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донесоа исказите кои се дадени кај обвинителката која што го води предметот „Рекет“. Но, истовремено и нардебите за вештачење, како и резултатите од вештачењето. Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта. Нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити јавниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста“, порача Мицкоски.


Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе