Претседателски избори 2019

Мицкоски во Вевчани: Претседателските избори како жолт картон пред исклучување на Заев

Државата се соочува со голема неправда од Зоран Заев и неговата влада, па токму овие претседателски избори се шансата да се даде жолт картон за ова што го прави премиерот и СДСМ, а со тоа ќе се отвори патот кон предвремени парламентарни избори, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со граѓаните на општина Вевчани.

Мицкоски посочи дека граѓаните и правдата во Македонија имаат еден непријател и тој се вика Зоран Заев. „Тој заедно со неговите луѓе се носители на неправдата во нашата држава. На овие избори да им дадеме жолт картон, пред исклучување. Зошто ако не, ќе мислат успеале да ве измамат и им поминало“, рече Мицкоски.

Тој побара поддршка за кандидатот за претседател на Република Македонија професорката Гордана Силјановска Давкова истакнувајќи дека токму таа е личноста која ќе ја заштити правдата и интересите на Република Македонија.

„На Македонија ѝ треба надеж, таа надеж се вика правда за Македонија. Јас верувам во таа надеж, верувајте и вие, заедно ќе се избориме. Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска Давкова треба да ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави крај на демакедонизацијата, ќе биде на страната на правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции. Да се избориме за правда за Македонија. Татковината повикува“, кажа Мицкоски.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе