Претседателски избори 2019

Мицкоски во Илинден: Заев беше аболиран од Црвенковски, па од Јанева, а зборува за аболиција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со граѓаните на општина Илинден го критикуваше премиерот Зоран Заев за ставовите дека не смее да има помилување осудените за 27 април.

„Истиот тој Зоран Заев еднаш аболиран од Бранко Црвенковски, еднаш од Катица Јанева, денеска зборува за аболиција. Замислете човекот кој што е основоположник на аболицијата во Македонија, па има образ, наместо да излезе да се извини и да побара прошка од граѓаните, повторно го гледам на плоштадите ме напаѓа мене. Половина говор му е против мене и против политиките на ВМРО-ДПМНЕ”, рече Мицкоски.

Тој додаде дека тоа што го прави СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа, затоа што во Европа треба да одат луѓе кои се честити политичари, луѓе коишто заедно со честитиот народ, вреден народ одат кон Европа, a не луѓе кои со криминал го стекнале своето богатство и продолжуваат со несмалено темпо да прават криминал.

 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе