Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

Мицкоски: Во црно завија 6 илјади семејства, а Филипче и кривично ќе одговара

Ќе дојдат тука и ќе ви велат дека се најдоброто за Тетово, за Македонија, а во суштина тие се најлошото. Зошто? Затоа што завија во црно повеќе од 6 илјади семејства и наместо да градат болници, да набавуваат вакцини, тие трчаа по провизии и го гледате Филипче, наместо да понесе морална и политичка одговорност, тој ги претставува кандидатите, оние мали зоранчиња", рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на митинг во Тетово и нагласи дека по изборите Филипче ќе сноси и кривична одговорност.

Мицкоски во контекст на критиката кон министерот за здравство, рече дека  „мора да се знае кој е виновен и да се одговара за злоделото што се случи во Тетово, односно горењето на модуларната болница“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека локалните не се обични избори, туку дека на нив се одлучува во која насока ќе се движи државата.

„Вие ќе одлучувате дали политиката ќе продолжи по оваа погрешната,на Заев, полна со корупција, криминал, предавства или, ќе избереме патека на иднината предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде патека на реформи, визија, стратегија, иднина, патека на вистината, патека по која ќе има и одговорност, не само морална и политичка, туку и кривична“, рече Мицкоски.

Тој упати порака и до Вулент Мурсели, кандидат за градоначалник од Алијанса за Албанците/Алтернатива, кој беше присутен на митингот на градскиот плоштад:

„Заедничкиот патриотизам на 21 век е да ја победиме заедничката мака, да создадеме заедничка иднина, да се разбираме едни со други, да покажеме дека ние политичарите ги немаме гласовите во џеб туку дека треба да работиме за да ја заслужиме довербата од граѓаните“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе