Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ за наставниците и професорите ветува плата од 36.700 денари

СДСМ во периодот на предизборието во 2016 година вети дека секој млад човек ќе добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, да добие пракса или тренинг за подготовка на вработување во период од 4 месеци по завршување на школувањето. Оваа активност воопшто  не е почната, изјави денеска Христијан Мицкоски, претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ, кој се остврна на предизборните верувања на социјалдемократите.

„Ветија укинување на екстерното тестирање, а со новиот Закон за основното образование воведоа т.н. државно тестирање. Ветија дека ќе ги намалеле бројот на предметите, но бројот на предметите не е намален. Понатаму, во 2016 година велеа дека ќе вовеле задолжително едногодишно предучилишно образование. До овој момент нема никакви промени во системот на предучилишното образование.

Ќе ги мотивирале најдобрите училишта. И тоа ќе ги мотивираат вработените во делот на месечните примања од една година, во 12 месеци односно вработените ќе добивале 20% поголема плата кај најдобрите 5 основни училишта на ниво на цела држава. И 10% средни училишта на ниво на цела држава. Ова не само што не е реализирано, туку вакви средства не се предвидени ниту во буџетот во следната 2020 година.

Продолжувам, да ја рецензирам најголемата политичка лага која што се случи во 2016-тата година каде што Зоран Заев и СДСМ се обврзаа дека ќе формираат т.н. Институт за развој на образованието т.е. да бидам попрецизен Бирото за развој на образованието ќе се преструктуира и ќе прерасне во Институт за развој на образованието. До овој момент нема никаква промена во Бирото за развој на образованието.

Во најголемата политичка лага на Зоран Заев и СДСМ наречена „Живот за Македонија“ предвиделе формирање на Научно истражувачки центри за талентирани ученици. Што би опфаќало талентираните ученици ќе можат да се стекнат со дополнителни знаења, ќе се подготвуваат за државни и меѓународни натпревари и ќе започнат со посериозна истражувачка работа. Ваков Центар до овој момент не е формиран, ниту пак се споменува дека ќе се формира.

Се обврзаа дека ќе издаваат поквалитетни учебници бидејќи овие учебници не им биле квалитетни што тогаш ги затекнале. Каква е реалноста? До ден денес нема никаква повратна информација од државните комисии кои ги евоулирале учебниците кои што ги затекнале во основното образование. Да бидам попрецизен нема нови учебници. Но и тие кои што постојат доцнат со печатење и воопшто ги нема. Што значи дека и ова е уште една од сетот лаги кои што беа дел од најголемата политичка лага наречена „Живот за Македонија“.

Сега ќе велат дека ги зголемуваат платите за наставниците и професорите во основното и средното образование. Имено , велат вака ќе ги зголемеле платите на наставниците и професорите со тоа што за две години ќе ја изедначеле почетната наставничка плата со просечната плата во државата и ниту еден наставник немало да има плата пониска од просечната исплатена плата во Р. Македонија. Најниската плата во моментот за наставниците е 21.660 денари, а во средно образование 22.500 денари, а просечната плата е на ниво од 25.270 денари. За жал од ветената просечна плата од 500 евра нема ни трага ни глас, па дури и на ваков тип и на ваков начин на кој што се обидува интервенционистички без каква било квалитативна анализа Владата расипнички да ги троши народните пари.

Лажењето ќе продолжи и во периодот што следува и лажните ветувања и обидот за манипулации ќе продолжат во месеците што следуваат сѐ до организирањето на предвремените парламентарни избори затоа што имаме уплашен човек, човек што знае дека ќе се соочи со одговорноста веднаш после катастрофалниот пораз на 12 април 2020 година. Во моментот просечната плата исплатена заклучно  со октомври во средното образование е отприлика 23.680 денари. Со предвиденото 10 % зголемување од 1 јануари 2020 година оваа плата ќе биде 26.000 денари. Но, кога не би имале работа со лажливци кои освен  што лажат, манипулираат, тогаш можеби и би верувале дека навистина станува збор за зголемување на платата на наставниците и професорите.

Имено, во колективниот договор потпишан од Синдикатот , Министерството за образование и наука во 2010 годинајасно јасно се дефинира што значи најниска плата во образованието и како се пресметуваат нето платите на вработените во образованието вклучително и образовниот кадар, но и вклучително и техничкиот персонал кој што е дел од образовниот процес. Професорите во средното училиште и наставниците во основните училишта имаат коефициент на сложеност во подгрупа три од 2,533. Според членот 34 и 35 платата се добива кога овој коефициент ќе се помножи со минималната плата или таа денеска требаше да изнесува 31.660 денари. Или да бидам попрецизен за 5.660 денари повеќе од тоа што е предвидено со покачувањето од 10% кое што овие лажливци им го понудија на професорите во основното и средното образование.

Согласно Законот за минимална плата и согласно Колективниот договор платата на професорите во основното и средното образование треба да биде 36. 700 денари односно 10.700 денари повеќе од тоа што во овој момент е предвидено со зголемувањето од 10%. На лагата и нема крај, но порано или подоцна вистината излегува на виделина.

Оваа влада во заминување ќе замине како најнеспособна влада, доаѓа влада реформска, доаѓа обнова за Македонија која што ќе го почитува Законот за минимална плата и ќе го почитува Колективниот договор“, вети Мицкоски.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе