Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифти никаков договор што би го начнал идентитетот на македонскиот народ

Без разлика на противењето на официјална Софија, ја повикувам Европската Унија на самитот на 21 јуни да одобри прва меѓувладина конференција, бидејќи македонската нација и држава изминатиот период покажаа карактер и европски вредности и тоа го заслужуваат, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител.

Тоа, посочи Мицкоски, нема да биде ниту датум за Зоран Заев, ниту за СДСМ, но дека граѓаните и државата тоа го заслужуваат.

Зборувајќи за евроинтеграциите, Мицкоски рече дека Бугарија не е единствената причина за блокадата на евроинтеграциите и дека не станува збор само за 26 заложници, минус официјална Софија, како што се обидува Владата тоа да го претстави.

„Доколку ние бевме лидери по реформи во регионот и не бевме на 111 место на скалата за корупција и криминал на Транспаренси интернешенел. Доколку навистина покажевме дека сме лидери во регионот, мислам дека аргументите на Софија ќе беа толку мали, што немаше ниту да бидат земени во предвид и денеска ќе водевме преговори со ЕУ“, изјави Мицкоски, во интервју за телевизија Сител.

Без разлика на политичките последици, Мицкоски нагласи, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифти никаков договор или патоказ што би опафтил и една запирка што би го начнала идентитетот на македонскиот народ.

„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту да разговара, ниту преговара, поврзано со тоа начнување на македонскиот идентитет“, изјави Мицкоски.

Во однос на објавените информации за РЕК „Битола", Мицкоски рече дека Обвинителството и МВР не ги ги гонат тие што вршеле изнуда, туку ги бара „свиркачите" односно тие, кои што се сомневаат дека ги доставиле овие информации до опозицијата.

„Не треба да се грижат и бараат таму каде што не постојат. Нека се заврти Зоран Заев и Оливер Спасовски околу своето најтесно раководство, свиркачите се од таму“, изјави Мицкоски.

Мицкоски, нагласи дека треба да им се даде шанса на институциите и затоа ги доставиле податоците до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но се посочи дека во спротивно после неколку дена ќе почнат сите информации со кои располага ВМРО-ДПМНЕ да ги споделуваме со јавноста.

Зборувајќи за Клиничиот центар, кој треба да се гради, Мицкоски, посочи дека Србија гради ист Клинички центар, кој чини 125 милиони евра, а не пола милијарда евра, како што е планот на СДСМ.

„Овој документ што го држам во рака е за новиот Клинички центар кои што практично во септември треба да се изгради во Србија, а веќе се гради, и овој Клинички центар кој што е идентичен на нашиот со 1.000 болнички кревети и други работи чини верувале или не 125 милиони евра. Или четири пати помалку од оној клинички центар што планираат СДСМ и Зоран Заев да го изградат“, изјави Мицкоски.

Во однос на најавените инвестиции од осум милијарди евра, Мицкоски, рече дека прв ќе му честита, доколку Зоран Заев успее само десет проценти од тие средства да ги реализира и го оцени само како обид за дефокусирање на јавноста, наместо да се зборува за криминал и корупција, да се зборува за инвестиции. 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе