Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори излегува со нови ликови, нашата цел е да ги поразиме СДС и ДУИ

„Во петок ќе имаме прес конференција на која што ќе презентираме дел од имињата кои што ќе бидат исто така во преостанатите скопски општини, но исто така и на други општини во Македонија. Од прилика дваесетина мислам дека ќе бидат, нови имиња",изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски додаде дека професорката Котлар е навистина исклучителна жена, и се цени дека со своето делување и ставови кои што во изминатиов период ги рефлектираше во јавноста е лице кое што може да направи навистина добар резултат. Така дури покажаа и интерните мерења. ВМРО-ДПМНЕ не е партија која што има фрустрација дека тоа мора да биде човек кој што има свое портфолио на ВМРО-ДПМНЕ, туку целта на партијата е да излезе со кандидат кој што ќе го победи СДСМ и Зоран Заев во Општина Центар.

„Дали тоа било коалиционен партнер во Центар, или во некоја друга општина, ако ликот кој што е предлог и кој што на мерењата ќе покаже навистина исклучителни капацитети и нормално бројки, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Така што немаме таква фрустрација. Нашата цел е да ја ослободиме државата од ова лошо политичко раководење под палката на СДСМ и ДУИ", појасни Мицкоски.

Мицкоски укажа дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ  излегува со нови ликови кои што се нов бран на политичката сцена и ќе покажат како може поинаку.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има како цел е да ја порази оваа неспособна власт на СДСМ и ДУИ и секој кој ја има истата цел е добредојден. Тоа го имам кажано неколку пати јавно, а го имам кажано и од гостување овде во Дневникот на Сител. Еве уште една прилика за јавен повик кон сите да се придуружат кон оваа иницијата да ја победиме оваа неспособна власт“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека овој повик се однесува и на раководтавото на Левица.

„Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт“, рече Мицкоски.

Според него обединет опозициски блок буквално ќе го растури ова тенко владино мнозинство, а тоа го покажуваат и истражувањата на јавното мислење.

„Левица рече на изборите ќе одат само со листи за советници и ако одат така може да разговараме за мнозинство во општините во советите, а претходно може да разговараме за поддршка за кандидати за градоначалници на опозицијата, без разлика од кои партии дали ќе се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива или заеднички“, кажа Мицкоски.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе