Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да го порази СДСМ секогаш, ама изборите сега не се приоритет

ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да го порази СДСМ секогаш. Но, одржување предвремени парламентарни избори кога има пандемија на КОВИД-19 и кога секојдневно се бориме со инифицирани луѓе и жртви, кога се соочуваме со економска, санитарна и образовна криза, па и воопшто кога имаме кризна состојба, не еден од приоритетите, изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

На денешната прес-конференција Мицкоски рече дека овој состав на Парламентот е поранешен и мандатот на пратениците со неговото распуштање е завршен и тие го вратиле легитимитетот назад, кај граѓаните.

„Единствен што може да ја наполни салата во Собранието е народот. Не може ниту Зоран Заев, ниту група на пратеници да се обидуваат да го кршат Уставот“, рече тој.

Мицкоски на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, уште еднаш повтори дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ сега не се предвремени избори, туку надминување на состојбата со коронавирусот.

„Најпрво да се избориме за здравјето на граѓаните, да ја вратиме економијата на победничките патеки, а потоа можеме да размислуваме за избори“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите ако тие се одржат на крајот на јуни или во почетокот на јули.

Тој ја обвини Владата предводена од СДСМ дека во првите три месеци од годинава потрошила нешто под 43 отсто од вкупно планираниот буџетски дефицит за 2020 година или 120 милиони евра повеќе од тоа што е собрано во државната каса. Со тоа, според него, власта го задолжила секое македонско семејство со по 15.000 денари во просек.

„Анализите покажуваат дека врз Буџетот е направен смислен и добро организиран грабеж на народните пари. Трошено е безмилосно, расипнички и недомаќински, а за тоа постојат и конкретни бројки. Само во март се потрошени 50 милиони евра повеќе од она што е собрано во Буџетот, а лани истиот месец биле потрошени само седум милиони евра“, обвини Мицкоски, додавајќи дека во првите три месеци од 2017 година биле потрошени 19 отсто од планираниот буџетски дефицит, во 2108-та околу 17 отсто, а во 2019 година нешто над 18 проценти од планираниот буџетски дефицит.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе