Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред младината на партијата

Мицкоски: Власта лаже за „црните листи“ и молчи дека таму треба да се најдат и корумпираните

„Во кујната на лагите на власта се прават 'црните листи' каде на прво место им е ВМРО-ДПМНЕ, па следуваат десет празни места и, демек тоа е тоа. А делот во одлуката на американскиот претседателот Џо Бајден, каде јасно кажува дека се однесува и на корупцијата и криминалот, кои се знае дека се широко распространети, стимулирани и заштитени од власта, не кажуваат ниту збор. Нема толку хартија, колку што има криминалци и корумпирани политичари во власта за таа црна листа", изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Мицкоски вечерва во Хераклеа, Битола, пред членовите на Унијата на млади сили на партијата, додаде дека власта не е дека не знае за прозападната ориентација на ВМРО-ДПМНЕ, како и за генезата на ВМРО која се бореше, како што нагласи, за слобода, правдини, за своја Република во времето кога во Европа владееја монархии.

„Работата е во рејтингот. Заев драматично губи, а разликата се зголемува. Нема човек кој мисли добро за оваа Влада и кој не е разочаран. И токму затоа адутот на Заев се парите за поткуп, заштита на криминалот и лагите за опозицијата", рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во продолжение рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратегиските интереси за членство ЕУ, но дека во исто време како народна партија води сметка за македонските национални интереси.

Тој се наврати на пораките од наредбата на Бајден, па нагласи дека една голема афера е без завршница, афера во која премиерот Зоран Заев го брани Драги Рашковски.

„Судот испорачува и го ослободува. Каде се парите од рекет? Зошто се дозволи да избега Ден Дончев иако на камери видовме како зема 'туце' со пари? Што е со пасошите давани за криминалци и аферата 'Мафија'? Таму лежат службеници, а нема истрага за Спасовски. Зошто никој не го викнал Вице за рекетот од 250 илјади евра во РЕК, додека Ковачевски за зделката е унапреден од директор на РЕК Битола во директор на ЕЛЕМ? Има уште стотици и стотици други скандали, афери, криминали, кражби, неправди и измами", оцени Мицкоски и нагласи дека „во СДСМ сепак не се сите исти, туку се киднапиране од триесетина души, од Зоки, Рашко, Путерот, Оли"...

Мицкоски најави голем настан за 16 јуни.

„Датумот 16 јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет, во пресрет на одбележувањето на формирањето на нашата партија од Охрид ќе го соопштиме новитетот. На посебен настан.ВМРО-ДПМНЕ на вистинските патеки, а запаметете 16 јуни е она што сите го очекуваат. Бидете стрпливи“, рече тој.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе