Мицкоски: Владата нема план за справување со ковид-19

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното видео-обраќање истакна дека состојбата со заразата од ковид-19 е алармантна, а Владата нема план како да се справи.

„Народски кажано, Владата не знае каде тера. Огромниот број на заболени само потврдува дека работите излегуваат од контрола. Секој обид за релативизирање на работите е штетен и претставува потценување на заразата“, рече Мицкоски.

Тој смета дека уште пострашно е што Владата вели дека ги знае кластерите, а според него, бројката на заразени не го потврдува тоа.

„Состојбата со заразата со Ковид станува драматична. Дефинитивно е дека владата нема план, нема правец и народски кажано не знае каде тера. Огромниот број на заразени потврдува дека работите излегуваат од контрола и секој обид за релативизирање на работите е штетен и претставува потценување на заразата. А, потценување на вирусот подразбира дека тој ќе продолжи да се шири. Секоја наша препорака ја игнорираа, и затоа најлошо се справуваме со вирусот споредено соседството", вели Мицкоски.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе