Од протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата

Мицкоски: Викендов во Софија се преговара за распарчување на Македонија

Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет, да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, како што тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот, порача од протестот пред Владата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Ги предупредувам Зоран Заев и Владата, на памет да не им дојде да го начнат македонскиот идентитет. Ви ветувам заедно со овој народ овде тоа диво месо ќе биде хируршки прецизно отстрането, а потоа, не само за криминалот, ќе одговарате и за велепредавствто, јас ви ветувам - кога тогаш. До македонскиот народ, до македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците, Египќаните, до сите сограѓани – Излезете браќа и сестри и помогнете ѝ на Македонија", рече Мицкоски во говорот пред Владата.
Тој на протестот упати пораки и до нашиот источен сосед и до меѓународната заедница.

„Ако мислите дека измисливте, пронајдовте и поддржавте квинслинг и квинслиншка влада овде во Македонија, се лажете. Ниту тој квинслинг ниту оваа квилнслиншка влада од нашата колективна меморија, од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, Хаџи Николов, Поп Арсов, затоа што тие се бореа за нова, современа македонска држава. Оваа порака ја упатувам до политичарите кај нашиот источен сосед", рече Мицкоски повикувајќи ги при првата посета на Скопје, пред споменикот на паднатите борци од народно ослободителната борба, како што рече, да клекнат и да му се извинат на македонскиот народ за тоа што му го направиле.

Мицкоски упати посебна порака до Брисел „да му се дозволи на нашиот народ да отпочне преговори со ЕУ, а народот ќе им врати со сето срце и знаење кое го има и ќе го изоди најбрзиот пат до полноправно членство во ЕУ".

На крајот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш рече дека Заев не смее повеќе да биде премиер.

„Да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја. Така ќе ја спасиме и нашта историја и нашето достоинство и само така ќе успееме да обезбедиме иднина. Оставката е неминовна. Сите филмови од овој човек се јасни и веќе видени“, рече Мицкоски на протестот пред Владата.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе