Мицкоски утре ќе оди на отворањето на македонскиот клуб во Бугарија, вели време е за единство

При денешната посета на општина Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на Бојан Маричиќ, Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски дека не чувствуваат потреба да одат на отворањето на македонскиот клуб во Бугарија и отсуството на државниот врв, изјави дека тоа е одлична можност да се покаже национално единство и грижа за македонскиот народ но жали што тие одлучиле да слугуваат на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ, а тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат утре во Благоевград.

„Тоа беше одлична можност да покажеме единство, да дојдат сите таму, и да им дадеме поддршка на нашинците од Пиринскиот дел на Македонија, од Бугарија, јас ќе одам утре, на тој начин што мислам дека ќе значи тоа и за нашите, за повеќе самодоверба, поддршка плус од овде дека не забораваме, дека напротив, планираме и понатаму многу интензивно да ги поддржуваме нашите од таа страна на границата во соседна Бугарија, и тоа е одличен настан за да покажеме дека тоа што го зборуваме дека се грижиме за македонскиот народ, за македонскиот идентитет навистина се грижиме а не го зборуваме тоа само со празни зборови и реченици. Многумина гледам на јавната сцена сакаат да направат знак на равенство помеѓу тоа што го прават со отворање на бугарски клубови, кои што носат фашистички имиња и ова што го прават нашите Македонци во соседна Бугарија со името на Никола Јонков Вапцаров но тоа не е така, затоа што Вапцаров обединувал, поврзувал, спојувал, за разлика од да речеме случајот овдека во Охрид каде што јасно и недвосмислено, практично имаме локален клуб кој што носи име на соработник на нацистичкиот режим и фашистите за време на Втората Светска Војна. Уште еднаш ќе кажам и ќе повторам дека ова беше одлична можност државниот врв да дојде да покажеме национална единство, жалам што тие одлучуваат да слугуваат на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ но ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград", нагласи Мицкоски.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе