Локални избори

Мицкоски: Застанете под бајракот на победата, има место за сите

Најдобри се во тоа, едно да кажуваат друго да прават, најдобри се во корупција и неспособност, тука им нема рамен. Прашањето кое сите треба да си го одговориме на овие избори е дали сме подготвени да им подариме уште четири години на истите кои веќе два пати до сега ги изневерија очекувањата, и потонаа опиени во својата моќ и ароганција. Зборувам за победи во кои земјава ќе ја однесат меѓу најдобрите во Европа, застанете под бајракот на победата има место за сите, повика вечерва од Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски се осврна на ароганцијата на актуелната власт оја за себе вели дека е најдобра, алудирајќи на слоганот „Најдоброто за вашата општина“ на СДСМ.

„Тие сакаат да се заборави дека ветуваа многу и излажаа, ништо не направија. Ветуваа раст на економијата од 5 до 7 %, а не мрднаа од 2 проценти. Ветуваа просечни плати, странски инвестиции, а од инвестиции само марихуаната на Заеви ја видовме. Ветуваа враќање на средната класа, а направија осиромашување на средната класа. Ветуваа 600 км автопати низ Македонија, 550 км магистрални патишта, а не може да ги завршат ни тие што последната влада на ВМРО што започна да ги гради. Волкот ја менува кожата, но навиките и карактерот не“, рече Мицкоски.

На овие избори, рече Мицкоски, народот треба да одлучи дали Македонија ќе стане нормално убаво место за живеење.

„Уморна е оваа земја од политичари кои зборуваат за се и сешто, а не кажуваат ништо. Уморна е земјата од криминал, декаденција и корупција. Од судбини на семејства кои пропаѓаат, од тоа брат од брата си да се дели и да заминува во странство. Уморна е оваа земја од политичари кои нѐ влечат надоле и се грижат за своите паричници. Уморни сме од статистики како да сме дното, а ги имаме најдобрите умови кои успеваат штом ќе ја помминат границата. Уморен е нашиот народ од читање на вести, пратење на црната хроника, од приказни од кои срцето кине. Уморна е оваа земја од живеење во минатото. Уморна е Македонија од крпен живот, од живот на вересија и рати. Доста е“, порача тој.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе