„Еве оставаме државата односно министерството да си го заврши она за што е надлежно, ние не сме ниту МВР, ниту судии, ниту обвинители. Ако видиме дека и понатаму продолжуваат, нормално е дека ние ќе ги објавиме, но со објавување ние ќе влеземе во чевлите на воајерски пристап во политиката. Нас ни требаат дела, конечно нешто да се направи, не само да зборуваме, ние ќе зборуваме, еве ќе зборуваме, ние ги немаме институциите, затоа велиме дајте да одиме на избори. Кога би ги воделе институциите би виделе како се постапува, додаде Мицкоски.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, поради тоа што врвот на МВР е соработник на бандата, министерството е немоќно да им се спротивстави.
„Полицајците се нашле во една непријатна ситуација и можеле многу лесно да бидат жртви на оваа криминална нарко-банда кое што цело Скопје знае која е, каде живее и како изгледа, а никој за жал до сега не им застана на патот, затоа што се ортаци со нив. Просто е едноставно, е. Така да ќе почнеме од таму, па ќе завршиме со ова. Периодот кој што следи ќе ја разгледаме и таа можност за интерпелација на министерот Оливер Спасовски“, рече Мицкоски.