Предвремени парламентарни избори

Мицкоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за договорите со Грција и Бугарија е непроменет, но нема да прифатам Северна Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 Степени" изјави дека не ја игнорира реалноста во однос на новото уставно име, но, истакна тој, никогаш нема да се согласи со називот Република Северна Македонија.

„Кој вели дека ние ја игнорираме реалноста? Ние сме дел од Владата на државата со оваа придавка. Но, не можам никогаш да се сложам со административното име бидејќи тоа е спротивно на моите принципи. За мене оваа држава длабоко која во себе ја носам како што сум ја наследил и ќе ја пренесам на моите потомци е Македонија, и тука не треба да има дилема“, вели Мицкоски.

Одговарајќи на прашањето како ќе изгледа во пракса кога би седнал пред табла на која пишува Северна Македонија, тој рече дека прво ќе треба да дојде до таква ситуација, па после ќе наоѓа начин за функционирање.

„Јас лично не можам да бидам лицемер и да кажам дека оваа реалност ќе ја игнорираме. Таа е реалноста којашто ни ја донесе Зоран Заев и СДСМ. Но, никогаш јас не можам да се сложам со оваа придавка“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ставот на неговата партија во однос на договорт со Грција, но и во однос на договорот со Бугарија, е јасен дека не се согласиле со нивната содржина.

„И овие ултиматуми ќе не потсетуваат на предавството и капитулациите на Зоран Заев и СДСМ, и тука нема апсолутно никаква дилема. Никаде не пишува да ги промениме свидетелствата. Кој го тераше Зоран Заев да ги промени свидетелствата кога ние се уште не сме го отвориле поглавјето за образование“, кажа Мицкоски.

Тој посочи, дека веќе имаат изјавено дека за да направат какви било промени, ним им се потребни определени услови кои, како што рече, ќе се трудиме да ги задоволиме и оти тука нема никаква дилема. Додава дека прв приоритет за него е приближувањето на Македoнија кон Европската Унија.

„И овие ултиматуми ќе не потсетуваат на предавството и капитулациите на Зоран Заев и СДСМ, и тука нема апсолутно никаква дилема. Македонците се чувствуваат обесправени во општините каде не се мнозинство. Македонците во оваа држава се сепак мнозинската заедница и се чувствуваат во тој дел тотално маргинализирани и обесправени. Ако ние продолжиме така да функционираме во средините каде што генерално немнозинските етнички заедници се мнозинство и практично се обидуваат да ја обесправат мнозинската заедница во државата тоа се Македонците, тогаш кај Македонците се создава чувство на граѓани од втор ред и тоа не е во ред“, рече Мицкоски во емисијата 360 Степени, на ТВ Алсат М. 

Toj истакна дека ќе се испита потеклото на имот за сите политичари од прв до последен, почнувајќи од него. „Јас кога зборувам за ветинг помеѓу политичарите велам еве почнете од мене, таканаречен процес на прочистување во политиката, да видиме дали ние или нашите семејства можеме да го докажеме потеклото на нашиот имот и сето она со коешто располагаме“. 

Мицкоски потенцираше дека најпрво треба да се прочистат политичарите коишто се богатат на грбот на народот, па треба да продолжи во судството, во администрацијата, каде имаме службеници коишто располагаат со екстремно голем капитал што не соодветствува со нивните примања, да видиме на кој начин и како го имаат стекнато истиот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе