ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Со предложениот закон за ЈО Заев се штити себе си и дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

Предложениот закон за Јавно обвинителство е противуставен и во интерес на заштита на Зоран Заев и други политичари, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Заев со законот за ЈО, со кој се сака да не важат прислушуваните разговори, спроведува операција за амнестија и тоа амнестија лично за Зоран Заев и членови на неговото семејство. Амнестија за неговата партија и функционери од коалициската влада за кои постојат сомневања дека се силно инкриминирани во нелегални активности и амнестија за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, за оние кои се во негово заложништво и решија да одработуваат за негови интереси“, рече Мицкоски.

„Насилничкото и шверцерско туркање на законот за јавно обвинителство ја потврдува намерата на Зоран Заев за бегство од одговорност за скандалите, криминалиите и аферите кои се врзуваат со основани сомнежи за злоупотреби и стравот на власта од пораз на изборите“, изјави Мицкоски и додаде:

„Со сила се турка противуставен закон за јавно обвинителство на само два дена пред распуштање на Парламентот, еднострано, без земање предвид на забелешките од експертите, професорите на Правниот факултет. Ова значи дека Заев турка закон за да си ја спаси сопствената кожа од одговорност.“

Мицкоски посочи четири примери зошто е тоа така:

„Прво, Заев со законот за јавно обвинителство со кој се сака да не важат прислушуваните разговори спроведува операција за амнестија, и тоа амнестија лично за Зоран Заев и членови на неговото семејство, амнестија за раководството на неговата партија и функционери од коалициската влада за кои постојат сомневања дека се силно инкриминирани во нелегални активности и амнестија конечно за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, поточно за оние кои се во негово заложништво и решија да одработуваат за негови интереси.

Второ, со новиот закон се устоличуваат егзекутори на наредбите на Заев во обвинителството, Русковска и Јовевски, кои сега се предлага да може да се сменат исклучиво со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители, во услови кога знаеме дека Советот поради партизираноста која ја направија е под директна контрола на СДСМ. Ова е типичен пример на монархистички закон. Русковска и Јовевски му требаат на Заев да продолжат да ги исполнуваат неговите наредби и за да продолжи селективната правда и амнестија на криминалот.

Трето, на секој еден правник му е совршено јасно дека станува збор за противуставен закон. Закон со кој ќе се спроведува селективна правда, односно неправда, каде прислушуваните материјали нема да важат за Заев нему блиските соработници и слуги, но за други ќе важат.

Би сакал истовремено да потенцирам дека ако е вистина она што  го кажа денеска пратеникот Груби дека се бара бадинтер за избор на државен јавен обвинител е исто така уште еден еклатантен пример како Владата го крши Уставот. Бидејќи согласно Уставот, амандманот 30 јасно се кажува како се избира државен јавен обвинител и како се реизбира. Тука не е предвиден бадинтер.

Четврто, Заев со овој закон покажува страв дека се плаши од разговори кои ќе го докажат неговиот криминал, и сега сака тоа да не биде користено за доказ при судска постапка.

Паднаа маските, се потврди дека Зоран Заев се бори за амнестија бидејќи стравува од одговорност за скандалите и аферите кои се провлекуваат во јавноста, а за кои обвинителството молчи.

Во оваа држава не може законите да бидат за едни казна, а за други амнестија. Меѓу другите забелешки кои што ги имаме многу, за ВМРО-ДППМНЕ главниот проблем исто така е членот 110 од предложениот закон. Со овој член се предвидува разговорите да не важат за докази, со што јасно се сака амнестија на Заев, амнестија на „Рекет 1“, „Рекет 2“, „Леонардо“ итн. Сите оние други коруптивни афери што беа присутни во изминатиот период, но и за кои постои основано сомневање дека ќе се појават во периодот што следи во јавноста. Согласно праксата на Европскиот суд за човекови права секогаш кога станува збор за разговори кои се од јавен интерес истите треба да бидат докази во постапка“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе