„Престанете со дополнителни услови“

Мицкоски со порака до ЕУ: Бараме датум и преговори веднаш, без условување

Датум и преговори веднаш, без условувања и чепкање во националниот идентитет, побара претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Прилеп, порачувајќи тоа да се случи уште на јунскиот европски самит, а паралелно да течат разговорите со источниот сосед.

„На денот на Европа, бараме Европа да го испорача тоа што го вети. Тоа е датум и преговори веднаш и сега, без дополнителни услови, без дополнителни барања од овој мал народ во срцето на Балканот, кој има чесни луѓе и заслужува да го почне патот кон полноправно членство во Европската Унија. Доста е со политичари лажливци, криминалци. Овој народ заслужува Македонија да седне со сите држави кои се дел од европското семејство, овој народ заслужува да ги споделува европските вредности. Престанете со дополнителни услови. Преговори сега и веднаш, а паралелно со преговорите, нека течат разговорите со источниот сосед. Тоа е формулата за успех и тоа треба да се случи уште на самитот на крајот на јуни. Тоа е едногласна порака од која нема да отстапиме. ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ не се подготвени да отстапат ниту една национална концесија. Сакаме да споделуваме европски вредности во сите сфери, но престанете да чепкате во националната супстанца на овој народ“, изјави Мицкоски, обраќајќи се пред граѓаните во Паркот на револуцијата во Прилеп.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе