Мицкоски: Со Пендаровски се согласивме за 27 април, ама дволичен е поради притисокот врз него

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека претседателот на државата Стево Пендаровски по вчерашната средба изнел поинаков став од она што било разговарано, додавајќи дека се работи за дволичност и притисок врз Пендаровски со кого имале усогласени ставови.

„Генерално ние внатре се сложивме за сѐ како што кажав откако излегов од состанокот којшто го имав со господинот Пендаровски. Тоа што го спомнав надвор практично се согласивме и внатре за време на средбата, но очигледен е притисокот којшто се врши врз него, од оние би рекол новинарски пера коишто се под директна команда и влијание на СДСМ и Зоран Заев, но и од медиумите каде што влијанието на СДСМ и Зоран Заев е забележливо и тоа очигледно оставило трага кај претседателот Пендаровски. Јас го разбирам, нормално не можам да  го оправдам, бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност, едно лице да имате на средбата, едно да имате надвор пред камерите. Но во ред, битно е дури и ваков притиснат, Пендаровски излезе надвор со став дека сепак доколку имаме нови докази овој случај како и многу други случаи во минатото да започне од самиот почеток“, рече Мицкоски во Делчево.

Тој додаде дека треба да се почека осудените лица и нивните бранители да ја добијат пресудата од второстепениот суд Апелација, и потоа да можат да користат вонреден правен лек, односно да приложат нови докази.

„Да го искористат инструментот вонреден правен лек за да можат понатаму да ги презентираат новите докази пред Врховниот Суд или пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, така што на крајот од денот ја сепак сум задоволен затоа што најмалку што во овој момент им треба на граѓаните е да слушаат исфрустрирани политичари. Тие треба да слушаат и гледаат политичари коишто знаат како да се справат и да ги решаваат проблемите, а не да ги создаваат проблемите. Во таа насока беше и таа наша вчерашна средба“, изјави Мицкоски.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе